Кралот Чарлс бил разочаран кога се родил принцот Хари

Кралот Чарлс III се разочарал кога дознал дека принцезата Дијана го родила принцот Хари, открил биографот на кралското семејство.

Тој раскажал дека реакцијата на Чарлс многу лошо ја изненадила неговата сопруга, принцезата Дијана, а сето тоа затоа што кралот не сакал уште еден син, туку сакал девојче.

Токму ова било и причината за распадот на нивниот брак.

„Мојот сопруг не сака ни да разговара со мајка ми. На крштевката на Хари, Чарлс ѝ пришол на мајка ми и ѝ рекол: `Знаете, бевме толку разочарани. Мислевме дека ќе биде девојче`, му раскажала принцезата Дијана на авторот Ендрју Мортон за неговата книга „Diana: Her True Story“ од 1992 година.

Како што раскажала таа, дури и кралицата го нападнала Чарлс: „Треба да сфатиш колку си среќен што имаш нормално дете“.

Кристофер Андерсен, автор на книгите „King“ и „The Day Diana died“, во интервју изјави дека принцезата Дијана била уништена од реакцијата на нејзиниот тогашен сопруг на раѓањето на нивниот втор син во 1984 година.

„О Боже. Момче е. Има дури и црвена коса“, изјавил Чарлс со презир, на големо чудење на лекарите и медицинските сестри во собата, изјавил Андерсон за медиумите.

Андерсон рече дека принцезата тогаш му рекла дека нивниот брак е завршен.