Кралицата Камила: Кејт е преплавена од добри желби и поддршка

Кралицата Камила денеска беше во посета на Шрусбери, а во таа прилика медиумите ја замолија да ја коментира состојбата на принцезата од Велс, на што таа проговори како навистина се чувствува Кејт Мидлтон.

Таа за првпат зборуваше за принцезата од Велс и нејзината дијагноза рак, велејќи дека е „преоптоварена од сите добри желби и поддршка“.

Денес, додека била во посета, на кралицата и пришле две млади девојки кои направиле постери за Кејт и ја замолиле да и ги предаде.

Таа им кажала на девојчињата дека ќе и ги подари на Кејт нивните подароци и истакнала: „Знам дека Кетрин е преплавена од сите добри желби и поддршка“.

Пораката на принцезата од Велс беше емитувана во петокот пред вестите во шест часот, во која таа откри дека и е дијагностициран рак и дека е подложена на хемотерапија по голема операција на абдоменот – иако се воздржуваше да каже за каков вид на рак станува збор.

Реакциите на јавноста по веста за болеста на принцезата Кејт беа силни. Луѓе од целиот свет испратија пораки со поддршка за популарната принцеза.

Кејт, како и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, изразија благодарност за љубезните пораки и поддршката, но побараа и разбирање за нивната потреба од приватност во овој тежок момент.