Британската кралица Елизабета (95) денеска испрати порака по повод Денот на Комонвелтот. Таа нагласи дека нејзиниот живот секогаш ќе биде посветен на службата, откако беше принудена да ја откаже посетата на годишната миса.
Најстарата и најдолготрајна светска кралица на светот во петокот објави дека ќе отсуствува од мисата на Денот на Комонвелтот на која кралското семејство присуствува речиси 50 години.
Бакингемската палата соопшти дека кралицата ќе ја претставува нејзиниот син, престолонаследникот Чарлс.
Одлуката била поради загриженост дали кралицата ќе го издржи патувањето од нејзиниот дом во замокот Виндзор, до западен Лондон.
„Во годината на мојот платинест јубилеј, ми беше дадено задоволството да го обновам моето ветување од 1947 година дека мојот живот секогаш ќе биде посветен на службата“ – наведе кралицата во пораката до Комонвелтот.
Тоа е организација од 54 нации, пред се поранешни британски колонии.