Кралицата Елизабета Втора ја назначи Лиз Трас за премиер на Велика Британија

Британската кралица Елизабета Втора (96) ја назначи Лиз Трас (47) за премиер денеска за време на состанокот во нејзиниот замок Балморал во Шкотска, се вели во соопштението од Бакингемската палата.

Кралицата ја прими пратеничката Елизабет Трус и побара од неа да формира нова влада, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Трас ја прифати понудата на кралицата да биде именувана за премиер и прв господар на Министерството за финансии.

Таа попладнево ќе и се обрати на нацијата во Даунинг стрит и се очекува да започне со именување на нејзиниот кабинет.

Да потсетиме дека за време на 70-годишното владеење на кралицата, таа и новите премиери традиционално се среќаваа во Бакингемската палата, но овојпат поради нејзините потешкотии во мобилноста, средбата се одржа во замокот Балморал.

Поранешниот премиер Борис Џонсон претходно се сретна со кралицата во замокот Балморал за да поднесе оставка од функцијата, што кралицата ја прифати, се вели во соопштението од Бакингемската палата.