Кој ќе ја формира идната бугарска Влада – ќе успее ли Радев да добие уште еден претседателски мандат?

 

Бугарските граѓани во недела излегуваат на парламентарни избори, трети пат по ред во последните седум месеци откако ниту една партија не успеа да формира стабилна и функционална влада.

Истиот ден во соседна Бугарија, се одржуваат и претседателските избори на кои актуелниот претседател, Румен Радев се обидува да добие втор мандат од граѓаните.

Право на глас имаат повеќе од 6,7 милиони граѓани, но резултатите од анкетите покажуваат дека многумина ќе останат дома загрижени од лошата епидемиолошка ситуација предизвикана од коронавирусот.

Според последните анкети и истражувања на јавното мислење, поранешната владејачка партија ГЕРБ најверојатно ќе освои најмногу гласови и покрај тоа што неодамна загуби голема подршка. Ова аналитичарите го објаснуваат со тенденцијата на гласачите да го задржат статусот на мирување за време на кризата.Расте поддршката за ново-основаната партија – Промените продолжуваат, предводена од двајцата поранешни министри Кирил Петков и Асен Василев, а подршката доаѓа пред се поради најавата за решителна борба против корупцијата.

Анти-елитистичката партија – Има таков народ, предводена од ТВ ѕвездата Славиј Трифонов, која победеди на изборите во јули, се очекува да го освои четвртото место бидејќи не успеа да формира влада, а имаше можност да го направи тоа.

Анкетите покажуваат дека седум партии би можеле да го поминат прагот од 4 отсто за влез во парламентот.

Истражувањето на институтот Галуп покажува дека ГЕРБ би можела да биде на прво место со 23,5 отсто освоени гласови, потоа партиите – Ги подржуваме промените, и Социјалистичката партија со околу 15 отсто од гласовите.

Што се однесува до претседателските избори, се очекува Радев да освои нешто помалку од 50 отсто од гласовите, поради што најверојатно во вториот круг ќе се натпреварува со универзитетскиот професор Анастас Герџиков.