Кој плаќа најскапо гориво во регионот?
Според податоците на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС), Србија е на третото место во регионот по цената на бензинот и течниот автогас, а на второто по цената на Еуродизелот.
Литар бензин БМБ 95 во Србија чини 1,5 евро. Убедливо најскапи се Албанија со 1,77 евра за литар бензин и Грција со 1,75 евра.
Затоа сите останати во регионот возат поевтино. Во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, во Унгарија 1,48 евра, а во Хрватска 1,43 евра.
Најевтиниот бензин е во Македонија – 1,22 евра за литар.
Литар Еуродизел Албанците ги чини 1,77 евра, а Србите 1,62 евра.
Во Словенија литар еуродизел чини 1,54 евра, а во Грција 1,52 евра. Најевтиниот дизел е 1,1 евро во Македонија, а 1,2 евро во Босна и Херцеговина.
Авто гасот во Србија чини 0,86 евра за литар и е за 17,35 отсто поскап од просекот во регионот.
Најскапи се во Словенија (0,95 евра) и Унгарија (0,9 евра), а најевтини во БиХ и Албанија, по 0,57 евра.