„Кој е следен“ утре одржува јавен онлајн состанок за Кочани пред седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ за утре во 17 часот најави дека ќе одржи јавен онлајн состанок на кој ќе се разгледува претставката на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, која во вторник ќе се најде на седницата на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Причината за одржување на состанокот, на кој ги повикаа сите заинтересирани граѓани да се приклучат, е бидејќи „Кој е следен“ добил официјална покана да присуствува на собраниската комисија во вторник.

„Како протестно движење поддржано од граѓаните, сметаме дека секој што има став и сака да биде слушнат мора да ја има таа можност. Целта на состанокот е да усогласиме ставови, аргументи и прашања коишто ќе ги произнесеме пред пратениците. Нашиот заеднички став ќе биде официјално изнесен пред Комисијата и внесен во записник. Ваши предлози, забелешки и прашања треба да бидат дел од ова обраќање. Ова е можност граѓанскиот глас директно да влијае на институционалниот процес“ велат од „Кој е следен“.

Оттаму додаваат дека претставката на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ се однесува на настанот од 16 март годинава, наводи за институционални пропусти, барања одговорност и иницијативи за системски мерки.