
Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани
И Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, која ја обезбедувала т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, стана дел од групата на обвинети за пожарот во кој загинаа 62 лица, а беа повредени 203 лица.
И Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, која ја обезбедувала т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, стана дел од групата на обвинети за пожарот во кој загинаа 62 лица, а беа повредени 203 лица.
Како и останатите обвинети и тој се терети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје тој не постапил според прописите за заштита, што довело до пожарот.
Заедно со неговата агенција се товарат дека не презеле мерки за спречување на штетни појави и противправни дејствија, како и дека го вршеле обезбедувањето без писмен договор со т.н. дискотека/кабаре.
Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“
Кој е Нацев
Тој е поранешен функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот од 2015 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за класифицирани информации.
Тој е извршен директор на ЦБИ и декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје.
Нацев е доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје.
Работел и како дипломат во Мисијата на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.
Зборува англискиот и германскиот јазик, стои во неговата официјална биографија.
Инаку, недела дена пред трагедијата во Кочани Нацев беше гостин во магазинот „Трилинг“. Неговите ставови поврзани со случувањата на домашната и светската политичко-безбедносна сцена погледнете ги во видеото.