Која храна ги намалува агресивните испади кај луѓето?
Се покажа дека омега-3 киселините ја подобруваат функцијата на мозокот, така што веруваме дека е дојдено време да се користат додатоците на омега-3 масни киселини за да се намали агресијата, без разлика дали е во општеството, во клиника или во кривично правниот систем, изјави неврокриминологот Адријан Рајн.
– Омега-3 не е волшебна напивка која целосно ќе го реши проблемот со насилството во општеството. Но, дали може да помогне? Врз основа на ова знаење, ние цврсто веруваме дека можеме и треба да почнеме да дејствуваме врз основа на новото знаење што го имаме – додаде тој.
Омега-3 е вид на маснотии што му се потребни на вашето тело за да преживее, но не може да ги произведе самостојно. Некои вообичаени извори се рибите како скуша, лосос и харинга, како и лен и чиа семиња, ореви и соја. Доколку не сте љубители на оваа храна, лекарите понекогаш препорачуваат да земате таблети од рибино масло, кои се богати со хранливи материи.
Научниците од Универзитетот во Пенсилванија во САД, предводени од професорот Рејн, откриле дека луѓето кои земаат омега-3 масни киселини имаат помалку агресивни испади. Рејн веќе една деценија ги истражува врските помеѓу омега-3 и криминалното однесување.
Неговата последна студија, која беше објавена во списанието „Агресија и насилно однесување“, собра и анализираше податоци од 29 претходни студии спроведени помеѓу 1996 и 2024 година, во кои беа вклучени 3.918 учесници. Од нив околу 51 отсто биле деца, но просечната возраст на испитаниците била 21,74 години. Учесниците земале во просек по 1,18 грама омега-3 додатоци во исхраната околу 16 недели.
Анализирајќи ги нивните наоди, Адријан Рејн и неговите колеги открија дека кај луѓето од сите возрасти, полови, психолошки дијагнози, времетраење на третманот и дози, има просечно 30 отсто намалување на агресивното однесување.
– Постојат многу студии кои ги поврзуваат абнормалностите во мозочното ткиво со агресивното однесување. Кога нервите во пределот на мозокот познат како префронтален кортекс се недоволно развиени, поголема е веројатноста личноста да развие насилни, агресивни или импулсивни тенденции – објасни неврологот д-р Памела Блејк од Универзитетската болница Џорџтаун.
Иако омега-3 има позитивно влијание на мозокот, научниците се уште не тврдат дека тоа е лек за агресивно однесување. Напоменуваат дека допрва треба да се направат дополнителни истражувања, но тие се на добар пат.
– Многу е веројатно дека на луѓето кои се борат со насилни испади ќе им треба повеќе од промена на навиките во исхраната за да ја подобрат својата ситуација. Во најмала рака, ние веруваме дека суплементацијата со омега-3 треба да се смета како додаток на други интервенции, без разлика дали се психолошки (на пример, CBT) или фармаколошки (на пример, рисперидон) по природа. Сакаме луѓето да знаат за потенцијалните придобивки од суплементацијата со омега-3 – објасни професорот Рејн.
– Сметаме дека е дојдено време да се имплементира суплементацијата на омега-3 во пракса и да се продолжи со научните истражувања за долгорочна ефективност – додаде тој, цитиран од Дејли мејл.
Одлични извори на омега-3 масни киселини
Сина риба Најпознат извор е рибата како туна, сардина, шпак, лосос, скуша… Се препорачува да се јаде два до три пати неделно.
Чиа семе Заедно со сината риба, еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини се чиа семето, кое освен омега-3 содржи и добра доза на калциум.
Лененото семе е исто така одличен извор на омега-3 масни киселини. Тие го штитат срцето и го намалуваат ризикот од дијабетес и мозочен удар.
Јаткасти плодови Јаткастите плодови се познати како совршена храна за мозокот. Тие се богати со омега-3 масни киселини кои го подигнуваат расположението и ги подобруваат когнитивните функции.
Тиква Тиквата и нејзините семки се одличен извор на омега-3 масни киселини, а исто така се богати со витамини А и Ц.