
Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?
Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија.
Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија.
Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратешка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во Македонија, која веќе е инсталирана тука и длабоко навлезена во бизнис водите во државава поврзани со минералите и енергетиката.
Имено, „Призма“ неодамна објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија формирала заедничка фирма со „Пела Глобал лимитед“ за производство на електрична енергија од обновливи извори, при што влогот на МПЦ бил 20 отсто, а на австралиската компанија 80 отсто. Она што е битно исто така е дека МПЦ не плаќа даноци во државата, а наголемо формира фирми со странски партнери зад кои стои привилегирана релација со актуелната политичка гарнитура.
Според соопштението од Владата, со овој договор во Вашпингтон се отвораат можности за „понатамошни инвестиции, истражувања и технолошки развој во согласност со глобалните трендови за обезбедување алтернативни извори на критични суровини“. Граѓаните вчера на социјалните мрежи масовно реагираа на веста, обвинувајќи за распродажба на рудните ресурси, со клучно прашање – ако има вредни метали зошто не ги копаме ние, туку им ги даваме на Американците? Од овие информации сега испаѓа дека им ги даваме на Австралијанци со блиски врски со МПЦ, а преку неа и со власта.
Николче (Ник) Јовановски е само еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, австралиска фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа. На страницата на „Пела глобал лимитед“ стои дека стратегија на оваа компанија е унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон, во Крстов Дол, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке.
Потпишувањето на договорот инаку се реализира во рамките на официјалната посета на владината делегација на Соединетите Американски Држави.