Кошта: Време е да ги исполниме ветувањата за Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска изјави дека „нема сомнеж“ оти иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ и рече дека е време Унијата да ги исполни своите ветувања кон овие земји, исто како што тие ги исполнуваат нивните.

Во своето обраќање пред пратениците во Европскиот парламент, Кошта истакна дека проширувањето на ЕУ е една од главните пораки на состанокот одржан на 19 декември и дека ЕУ е целосно посветена на проширувањето како најголема геополитичка инвестиција за мирот и безбедноста на европскиот народ и континент.

„Шесте земји од Западен Балкан, Украина и Молдавија работат напорно за да ги исполнат своите обврски. Нема сомнеж дека иднината на овие земји е во нашата заедница. Време е да ги исполниме нашите ветувања како што тие ги исполнуваат своите“, рече Кошта.