„После објавата на конкурсот за претседател на државата предложени беа повеќе лица за кои нашите членови сметаа дека треба да бидат кандидати за претседател, меѓутоа проценките, активностите на досегашниот претседател Пендровски, неговите квалитети, беа пресудни за да ИО донесе одлука тој да биде кандидат на СДСМ на овие избори и во недела на конгресот ќе биде и официјално прогласен за кандидат за претседател на нашата држава,“ рече пратеникот од СДСМ – Ненад Коциќ на дебатната емисија „Избори 2024“ на МРТ 1, на прашањето за други кандидати за претседател предложени во рамки на партијата.
Во врска со Пендаровски, Коциќ рече дека изминатите 5 години тој покажал дека е човек од граѓаните избран, без правење на разлика помеѓу луѓето по етничка, национална или полова припадност, достапен за секој човек и знаел да ги процени сите стратешки, важни работи за државата и да дејствува во интерес на народот и државата.
„Апсолутно скромен и човек кој што покажа еден нов начин на функционирање, кога треба нешто да се подржи да го каже своето мислење, меѓутоа и кога треба нешто да се искритикува јавно да го каже своето мислење“ вели тој.