
Коцевски: Објектот немал ништо што предвидува законот
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва ги објави резултатите од досегашната истрага, соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот – немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија издадена уште пред петнаесетина години а не за угостителски објект – и многу други кривични дела.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва ги објави резултатите од досегашната истрага, соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот – немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без квака од внатрешна страна), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија издадена уште пред петнаесетина години а не за угостителски објект – и многу други кривични дела.
Тој рече дека се бара краткотраен притвор за десет лица.
Првоосомничен е организаторот на настанот.
Од вечерва ќе почнат да се носат жртвите во Институтот за судска медицина, а родителите, по првичниот отпор, го дозволиле тоа.
Од увидот на поголемата група јавни обвинители, заедно со инспектори на ДЗС, било констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, имало само два ПП апарати, просторот бил обложен со сунѓер. Немало пристап за противпожарни возила од две страни. На ѕидовите немало противпожарно отпорен материјал, немало врати со противпожарна отпорност, ниту систем за кочење на вратите, ниту систем со јак звучен сигнал за сигнализација на гостите.
Заедно со обвинителите бил и државен инспекторат за урбанизам, по што констатирано е дека објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустрија. Не е извршена пренамена на објектот во угостителски објект. „И покрај тоа што за објектот нема пренамена, тој имал дозвола за работа од Министерство за економија за угостителски објект издадена пред 15 години“, рече Коцевски.
„Беше наредено да се притвори секое лице кое што со своето постапување или непостапување придонело за настаност и да се испита неговата улога. Беше дадена наредба за анализа на одземени предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредба за привремено одземање на видео запис и документација. Беше издадено барање за претрес. Увидот на обвинителите траеше до вечерните часови и сѐ уште не е завршен. Ќе продолжи и утре. Во текот на утрешниот ден, од моја страна ќе ангажирам од три до пет јавни обвинители од скопското обвинителство, оти е сложен предмет“, рече Коцевски.
Обвинителот рече дека е сослушан еден од првите осомничените, тоа е еден од организаторите. „Тој даде одредени релевантни докази. Нема писмен договор помеѓу организаторот и од страна на групата, односно за организирање на концертот. Можам само да кажам дека може евентуално да се работи за кривични дела од член 292, за давање и примање поткуп и за пиротехничките средства. Лицата постапувале спротивно на правилата за мерките за заштита“, додаде Коцевски.
Тој заклучи дека настаните околу работата на дискотеката претставувале „ерозија на системот“.