Кос: Ќе направам се што можам билатералните прашања да не останат трајна пречка до ЕУ
Таа се наврати на војните во бивша Југославија нагласувајќи дека нејзин сон сега е сите земји од регионот да бидат интегрирани во ЕУ и да ги види како исчезнуваат границите и билатералните прашања од минатото.
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос на конференцијата организирана од „Пријатели на Европа“ во Брисел порача дека ќе направи се што може билатералните прашања да не станат трајна пречка на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан.
-Живееме во историски момент. За првпат има реалистична перспектива да примиме една или две земји во ЕУ за време на мојот мандат, рече Кос.
Таа се наврати на војните во бивша Југославија нагласувајќи дека нејзин сон сега е сите земји од регионот да бидат интегрирани во ЕУ и да ги види како исчезнуваат границите и билатералните прашања од минатото.
-Ке направам се што можам билатералните прашања да не станат трајна пречка на патот кон оваа заедничка иднина“, порача Марта Кос.