
Кос: Црна Гора можно е да стане членка на ЕУ во 2028 година, а Албанија во 2029 година
Според неа проширувањето на ЕУ не е само зголемување на површината на територијата или бројот на жители, туку заштита од надворешни влијанија.
Европската комесарка за проширување Марта Кос, на денешниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум, денеска изјави дека Црна Гора до 2028 година би можела да стане прва следна членка на Европската Унија.
– За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата, посочи Кос.
Според неа проширувањето на ЕУ не е само зголемување на површината на територијата или бројот на жители, туку заштита од надворешни влијанија.
– Со Црна Гора напредуваме и можно е, ако во 2026 година го завршиме техничкиот дел од преговорите во 2028 година Црна Гора да стане 28 членка на Европска Унија, посочи Кос додавајќи оти Албанија би можела да стане членка на ЕУ во 2029 година.