Костова: Ќе понудиме решенија за поефикасни и пофункционални локални самоуправи

Нашата заложба за претстојните локални избори се однесува да понудиме решенија кои ќе направат подобри, поефикасни и пофункционални локални самоуправи и во фокусот ќе ни биде т.н. зелена агенда. Би ги направиле општините климатски поотпорни, позелени и енергетски ефикасни, изјави потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Нашата заложба за претстојните локални избори се однесува да понудиме решенија кои ќе направат подобри, поефикасни и пофункционални локални самоуправи и во фокусот ќе ни биде т.н. зелена агенда. Би ги направиле општините климатски поотпорни, позелени и енергетски ефикасни, изјави потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Таа во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија вели дека кампањата за локалните избори се уште не е почната, но дел од кандидатите за градоначалниците во повеќе општини се познати во јавноста. Според неа, во општините има сериозен пад на квалитетот во комуналните услуги, а во исто време има раст на сметките за тие услуги. Смета дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги ветуваат истите проекти пред граѓаните и додаде оти тие и ништо не сработиле. Потсети на некои скандали поврзани со градоначалниците, како изградба на дивоградби, кражба на нафта од училишта, заобиколување на законите, како и доспеани, а неисплатени обврски на ниво од 700 милиони евра, кои во 2025 година се очекува да достигнат и околу 900 милиони евра.

За успех на овие локални избори, како што рече, ќе се смета да се искристализираат добрите понуди, да се изберат нови раководства на општините и народот да го казни расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Костова очекува да освојат повеќе гласови на локалните избори и народот да покаже, како што рече, сериозно опозициско расположение.

Костова напомена дека од анкетите се гледа шестоцифрен пад на бројот на поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а  падот е забележан и кај нивните коалициски партнери. – Најголемо разочарување граѓаните гледаат во немањето волја за справување со економските предизвици и финансиските проблеми кои ги имаат, кои им се појавуваат, нагласи Костова. Порача на денот на изборите граѓаните да постапат рационално, да покажат опозициско однесување и да се даде отпор на, како што рече, девијантните и скандалозни тенденции кои ги покажува Мицкоски и ДПМНЕ.

Според Костова, ВМРО-ДПМНЕ се свесни за загубата на поддршката и затоа се користат со предизборен инженеринг и со покажување дрскост. -Имајќи го тој предизборен инженеринг, кој го направија, мораме сите граѓани да дадеме соодветен одговор, да постапиме рационално и своите гласови да ги употребиме и искористиме во насока на силен отпор кон штетните политики на ДПМНЕ и Мицкоски, рече Костова, додавајќи дека овие локални избори ќе потврдат пад на ДПМНЕ, раст на СДСМ и раст на опозициското движење во земјава.

Прашана за локалните избори во Струмица, рече дека не се работи за опасност или ризик, а социјалдемократската идеја, како што рече, е автентична и препознатлива во овој град и очекува да се постигне добар резултат. По завршувањето на изборите, Костова појасни дека треба да се одржи т.н. отчетен конгрес и делегатите ќе имаат можност да одлучуваат по однос на резултатите што ќе се постигнат.

За предвремени парламентарни избори, Костова рече дека се подготвени.

– Ние сме и повеќе од подготвени за такви предвремени парламентарни избори. Она што ќе го покажат овие избори и бројките е освен сериозен пад има и загрозеност за начинот на функционирање на владејачката коалиција, предводена од ДПМНЕ и Мицкоски и граѓаните препознаваат водење на државата во комплетно погрешна насока, рече Костова.