Коста Кецмановиќ очигледно го подготвувал злосторството во училиштето на Владислав Рибникар кога уби девет ученици и еден чувар.
Имено, како што пренесува српска Република, два дена пред злосторството, на 1-ви мај, Коста К. пред да го земе оружјето на татко му, ги исклучил камерите во станот.
Во станот на Кецмановиќ имало камера која го снимала плакарот каде што бил пиштолот. Од 1 мај таа била исклученс, и постои сомнеж дека момчето-убиец намерно ја исклучил за незабележано да го земе пиштолот.
Коста Кецмановиќ (13), кој го изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, е сместен сам во просторија со тоалет на Детската клиника за неврологија и психијатрија на Клиничкиот центар на Србија.
Тој е под посебни безбедносни мерки кои заеднички ги спроведуваат Министерството за внатрешни работи на Србија и Клиничкиот центар. Болницата функционира во вонредни услови кои личат на затворски се додека таму го прегледуваат психијатри и психолози по невиденото злосторство што го изврши на 3 мај, изјави информиран извор за српски Телеграф.
Гледано од главниот влез на клиниката, малолетниот убиец престојува во задниот дел на установата, на првиот кат, каде што се наоѓа одделението за аутизам. Двајца инспектори во цивилна облека постојано со него се во собата и будно го следат, дознава Република.