Костарика со победа од 1-0 против Јапонија остана во игра за осминафинале

Јапонија поразена на вториот меч на Мундијалот во Катар, откако денес загуби од Костарика (0-1).

Костариканската репрезентација одговори на фантастичен начин, по дебаклот против Шпанија, и остана во игра за нокаут фазата.

Мечот во Ал Рајан донесе досадно прво полувреме, во кое тактиката на двата селектори беа во главна улога. Костариканските фудбалери имаа залудна иницијатива, бидејќи ниту еднаш сериозно не се заканија кон противничкиот голман.

Само една минута во вториот дел беше потребна за прво големо возбудување. Кејлор Навас со фантастична интервенција спречи радост на Јапонците. Добар удар од далечина упати Хидемаса Морита, но немаше среќа да ја пронајде посакуваната цел.

Се чекаше дури до 81. минута на моментот на одлука. Јапонскиот голман не успеа да интервенира доволно добро при шутот на Кејшер Фулер Спенс, кој обезбеди големи три бода за својот тим во завршницата од овој изедначен натпревар во Ал Рајан.

Вечерва Германија и Шпанија ќе го одиграат големото дерби од оваа група. Победата на Костарика значително ја компликува битката за осминафиналната фаза на светскиот собир во Катар.