Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов објави на социјалните мрежи дека водата од водовод е безбедна за пиење.
„Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка. Анализи од Институт за Ветерина, три акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани“, вели струмичкиот градоначалник во објава на социјалните мрежи.
„Струмичкиот отпор и пркос даде резултат. Благодарам на професионалците од АХВ што де одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната!“, напиша меѓу другото Костадинов.