
Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово,објави на својот фејсбук,потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.
Општина Валандово, целосно ќе ја покрие родителската партиципација, со средства од #Буџетот на општината.
Целта е, да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне #солидарноста во заедницата, напиша Костадинов.