
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за проблемите во градот, и односот со извршната власт.
„Во моментов во Струмица се бие битка со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадинов.
„Немаме никаков однос со извршната власт. Очекував да имаме третман на опозициска општина, но таква злоба и инает не очекував, особено во моменти кога имаме сериозни резултати како општина“, кажа Костадинов.