
Костадинов го замрзна членството во СДСМ откако партијата не го кандидираше за градоначалник
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, објави дека го замрзнува членството во СДСМ, откако лидерот на партијата Венко Филипче ги објави кандидатите за градоначалници за дел од општините во земјава, а тој не е на листата.
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, објави дека го замрзнува членството во СДСМ, откако лидерот на партијата Венко Филипче ги објави кандидатите за градоначалници за дел од општините во земјава, а тој не е на листата.
Костадинов извиси во Струмица, Асен Шајн предложен за градоначалник на Охрид
„Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Ова не е крај… Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена. Не затоа што се плашам од пораз. Јас не знам што значи да изгубиш избори. Туку затоа што нема вистинска понуда за градот. Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик“, објави на својата Фејсбук страна Костадинов, кој во 2017 беше в. д. градоначалник на Струмица откако тогашниот градоначалник и лидер на СДСМ Зоран Заев стана пратеник, па потоа беше пратеник во Собранието, а на изборите во 2021 е избран за градоначалник.
„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, вели во објавата Костадинов.
Откако не беше на листата со првите 19 партиски кандидати за градоначалници, Костадинов два дена потоа изјави:
„На сите анкети водам со 3:1 и очекувам по завршување на процедурите, партијата да донесе одлука“.
Костадинов: На сите анкети водам 3:1, очекувам СДСМ да ме кандидира за градоначалник на Струмица
Тој тогаш не одговори на прашањето дали на изборите ќе оди како независен кандидат ако СДСМ не застане зад него.