
Косовското собрание не е конституирано дури ни по 16-тиот обид
Поради ситуацијата во која собранието не е конституирано ниту по 16-тиот обид, а на барање на неколку политички партии, претседателот на Косово Вјоса Османи за денеска свика консултативен состанок со лидерите на партиите.
Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата.
За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против.
Следната седница е закажана да продолжи на 17 мај.
Поради ситуацијата во која собранието не е конституирано ниту по 16-тиот обид, а на барање на неколку политички партии, претседателот на Косово Вјоса Османи за денеска свика консултативен состанок со лидерите на партиите.
Според експертите по уставно право, претседателот може само да посредува во постигнување политички договор, но нема други овластувања, освен да го упати прашањето до Уставниот суд за решавање на моменталната ситуација.