Косовска пратеничка за Курти: Неговата влада се храни од трговијата со дрога!

Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово, Резарта Красниќи, ја критикуваше можноста, која ја разгледува Министерството за образование и култура, родителите сами да купуваат учебници за своите деца.

„Владата на Курти, во име на народот, е против народот. Го остави народот без струја, па ја удвои сметката. Го остави народот без поддршка кога инфлацијата на основните производи достигна 50 проценти. Сега ги остави и студентите без книги“, напиша Красниќи на Фејсбук.

Како што додаде таа, актуелната влада на Косово „само го хранеше народот со кризата, а се храни со корупција и шверц на дрога“.