
Безброј навреди и закани по нејзиниот живот доби Зана Авдиу, косовска новинарка која го искритикува швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака за неговото однесување на мечот со Србија.
Таквиот негов гест го искритикува новинарката Авиду, која рече: „Тој потег на Гранит Џака е срамен!
Насилнички чин. Мислам дека немаше некој што не ја сподели таа фотографија. Значи, нулта ниво во некоја наша држава“.
Поради оваа нејзина реченица таа почнала да добива навреди, дури и смрттни закани, во јавноста мораше да се јави нејзиниот адвокат Арианит Кочи.
„Можеби сите не се согласуваме со неа и тоа е нормално, ама вакви закани се недозволиви во цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности само ги зголемуваат тие закани“, вели Кочи.
На мечот имаше недолично однесување и од двете страни.