Косовската полиција ја затвори паралелната српска општина Србица во северно Косово
Косовската полиција упадна денеска во објектот на паралелната општина Србица (Скендерај), која се наоѓа на северот од државата, населен со мнозинско српско население.
Косовската полиција упадна денеска во објектот на паралелната општина Србица (Скендерај), која се наоѓа на северот од државата, населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека, во координација со државниот обвинител, е преземана акција за затворање на оваа паралелна српска општина.
„Денеска при полициски проверки на терен дојдовме до информација дека паралелната општина Србица е активна на територијата на Северна Митровица. Се консултиравме со обвинителот кој го има случајот со паралелните општини на север и во координација со него влеговме во оваа зграда и се занимаваме со случајот. Најверојатно ќе биде затворена“, рече Елшани.
Косовскиот портал на српски јазик КоССев објави фотографии од местото на настанот, на кои се гледа дека во објектот се присутни и припадници на Мисијата на Европската унија за владеење на правдата, ЕУЛЕКС.
Пред една недела беа затворени и други четири паралелни српски општини кои беа функционални на косовскиот север – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.