Косово со нови санкции за Русија и Белорусија
Владата на Косово одлучи денеска да го прошири пакетот на економско-финансиски санкции кон Русија и Белорусија, поради руската агресија врз Украина.
Премиерот Курти рече дека ова е четврти пакет санкции кон Русија, со што, како што нагласи, неговата Влада продолжува да делува заедно со нејзините партнери од демократскиот свет.
Образложувајќи го предлогот за нови санкции, вицепремиерката и министерка за надворешни работи – Доника Грвала информира дека се работи за замрзнување на банкарски средства, забрана на пропагандистички медиуми и рестрикции кон Белорусија на извозот на технички стоки.
Грвала нагласи дека санциите се воведени во координација со САД, Европската Унија и другите партнери на Косово.