Косово и Албанија денеска ќе одржат заедничка седница на Владите, на која се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати.
Ова е осма по ред заедничка седница на двете влади, овојпат ќе се одржи во Приштина, а пред нејзиниот почеток планирана е кратка средба на косовскиот премиер Албин Курти и неговиот албански колега – Еди Рама.
По завршувањето на седницата двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.
Првата заедничка седница се одржа на 11. јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама.
Последната беше одржана во ноември минатата година во албанскиот град Елбасан.