Корона биланс: 41 нов позитивен случај и дури 457 оздравени пациенти

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистрирани се 41 нов случај со КОВИД-19, еден починат и 457 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.

Од 41 новозаболен, од Скопје се 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.

Починатото лице е од Кичево (89г). Починало во болнички услови.

Од 457 оздравени пациенти од Скопје се 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19…

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г).

Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а на активни случаи изнесува 1.566.