Кормиларот на Челси со нови главоболки – се разведува!

Менаџерот на лондонски Челси – Германецот Томас Тухел во последниот период освен на професионален, има големи главоболки и на приватен план.

Неизвесноста за судбината на Челси кој чека нов газда се поклопува со вчерашниот убедлив пораз на „сините“ на домашен терен од Брентфорд.

Сега медиумите на Островот објавија и дека Томас Тухел по 13 години брак, ќе се раздели од сопругата Сиси, која е екс-новинарка.

Сиси, според информациите, со ќерките се преселиле во Лондон во август минатата година, за да бидат со Томас, но биле исцрпени сите можности за спас на бракот, па таа минатата недела поднела документи за развод.

Германските таблоиди пишуваат и околу поделбата на имотот, затоа што Тухел заработува 8 милиони евра годишно, но 48-годишниот тренер и две години помладата Сиси сакаат бракот да биде раскинат достоинствено.