Кордалов: Кадровските решенија се најважното прашање за партиите

Комуникологот Бојан Кордалов на тв Алсат рече дека кадровските решенија се најважното прашање за партиите, а тоа потоа се одразува и на демотивација на гласачите да излегуваат на избори, а доколку не се надмине овој принцип, тогаш тој очекува да расте разочарувањето на луѓето кон него сите политички блокови.

„За жал, кадровските решенија или кој каде ќе седне е најважното прашање за партиите повеќе од 30 години, и тоа и одразува и демотивацијата на гласачите да излезат на гласање. Приметувате дека во секој изборен циклус бројот се намалува, но треба да се разбере дека и кадровските прашања се важни, но не и пресудни. Но, од друга страна, важно е да се знае дека ако ги имаме вистинските луѓе кои ги имаат, кои имаат свои биографии и портфолија да го прават тоа, а не затоа што припаѓаат на партијата, ќе можеме да ја смениме оваа работа. За жал, ниту во овој случај ниту претходно, тоа не се гледа и во право сте кога велите дека е голем проблем. Дали ќе успееме да се надминеме ќе видиме, но ако не се успева ова како принцип да се надмине, тогаш очекувам дека излезноста на изборите ќе падне и разочарувањето ќе се зголеми и најголемите партии во секој политички блок ќе ја губат поддршката“ – порача Кордалов.