Копман: Планот за раст нуди значителни придобивки, може да го забрза процесот на пристапување кон ЕУ

Планот за раст нуди значителни придобивки и за постојните 27 земји членки на ЕУ. Повеќе царински олеснувања, подобра гранична инфраструктура, интегрирање на системот за регистрација на компаниите е се она што може значително да го намали трошокот на трговијата, посочи генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија Герт Јан Копман во обраќање на денешниот лидерски состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

Тој истакна дека е поттикнат од работата која досега Северна Македонија ја има постигнато и напомена оти смета дека Планот за раст може потенцијално да го промени регионот, но може и да го забрза процесот на пристапување кон Европската Унија.