Координација за францускиот предлог, ќе се знае кога тој ќе оди на седница

За денеска во Собранието е предвидено да има координација на која ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30. јуни 2022 година.

Претседателот на Собранието – Талат Џафери пред неколку дена изјави дека за тоа ќе се разговара на редовната координација на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој појасни дека доколку има потреба седницата за ребаланс на Буџетот која е закажана за денеска со почеток во 11 часот може да биде прекината и да се закаже нова на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.

Пратениците од опозицијата побараа од претседателот на Собранието да ги врати материјалите назад во Владата со забелешка дека е испратена само Информација, без ниту еден документ.

Од СДСМ, пак, сметаат дека одговорноста е на законодавниот дом да донесе натамошни заклучоци, согласно собраниските процедури. Претседателот на Собранието со став дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.