Концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“ на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија, ќе одржи годишен концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата.

Концертната програма ќе ја изведат Симфонискиот оркестар на ФМУ; Мешаниот хор „Драган Шуплевски“; Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“; Оркестар од народни инструменти и солисти; студенти од Катедрата за балетска педагогија; студенти од Катедрата за џез и популарна музика; Дувачкиот ансамбл на ФМУ, под диригентските палки на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски.

Музичката програма содржи дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, Македонска традиционална музика, како и нови композиции од студенти од Одделот за џез и популарна музика, А. Голчева и М. Цветановска.