Концерт на Филхармонија со пијанистот Алим Беисембајев од Казахстан

Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот, ќе го одржи симфонискиот концерт „Нови хоризонти“. Како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков.

Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот, ќе го одржи симфонискиот концерт „Нови хоризонти“.  Како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков.

На програмата се: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во бе-мол, оп. 23 од Чајковски и Свитата бр. 2 „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршил на Бугарската државна академија, студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел, паралелно студирал и дипломирал на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломирал и на Одделот по композиција.

Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД. Покрај диригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за различни инструменти, на дела различни по форма за симфониски оркестар (девет симфонии) и други формации. Носител е на престижни награди и како диригент.

Алим Беисембајев е роден во Казахстан во 1998 година. Музичките студии ги почнал во Purcell School, каде освоил повеќе награди, меѓу кои и Првата награда на Junior Cliburn International Competition. Учел кај Теса Николсон, со која продолжил да работи и на Кралската академија за музика во Лондон. Во 2023 година ги завршил магистерските студии и Artist Diploma по изведба на Кралскиот колеџ за музика, под менторство на професорката Ванеса Латарш. Неговото уметничко усовршување е поддржано преку бројни стипендии, меѓу кои од Imogen Cooper Music Trust, ABRSM, Countess of Munster Musical Trust, Hattori Foundation, Drake Calleja Trust, како и преку програмата Talent Unlimited.