Концерт на триото „Анимато“ во Даут Пашин Амам

Во Даут Пашин Амам денеска ќе се одржи концерт насловен „Квинтесенца“ на триото „Анимато“. Со овој концерт, триото ќе одбележи пет години од своето концертно делување. Во камерниот состав членуваат Светлана Димитриевска на пијано и Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска на флејта, професорки во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

На програмата се дела од Франц Доплер, Трајко Прокопиев, Алексеј Шор и Бете Илин.

-Камерната музика претставува еден од најсуптилните и најинтимни облици на музичко изразување. За изведувачите камерната музика е непроценливо искуство бидејќи ја развива способноста за слушање, прилагодување и изразување. Наместо да следат диригент, музичарите се потпираат еден на друг, создавајќи динамична, жива интерпретација. За публиката, пак, камерната музика нуди длабоко емотивно доживување, со можност да се почувствува секој звук и нијанса на израз, соопшти м-р Димитриевска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.