Концерт на скопскиот колектив Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен во МКЦ

Скопскиот колектив Светлост, заедно со Кен Вандермарк од САД и Пал Нилсен од Норвешка, вечер ќе одржат концерт во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Скопскиот џез фестивал (СЏФ).

Скопскиот колектив Светлост, заедно со Кен Вандермарк од САД и Пал Нилсен од Норвешка, вечер ќе одржат концерт во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Скопскиот џез фестивал (СЏФ).

Како што се наведува во соопштението, од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе албум, којшто ќе биде снимен во Скопје непосредно по концертот во МКЦ.

– Ова е веројатно прв случај една македонскa џез група да работи со гиганти од светската џез сцена, какви што се Вандермарк и Пал Нилсен, нам добро познати и по настапите на Скопскиот џез фестивал. Препознатливи по својот спонтан пристап, разноликата жанровска естетика и бестрашниот однос кон звукот, Светлост успешно синтетизираат џез, ноиз и амбиетални елементи, се наведува во соопштението.

Во периодот меѓу 2019 и 2020, Светлост ги издадоа албумите „Odron Ritual Orchestra“, „Јazz (to the working class)“ и „Six Years“, по што следеше нивен настап на Скопскиот џез фестивал.

– Се случи и настапот на Скопскиот џез фестивал по што дојде и четвртото издание – “A Wave Returns To The Ocean”. На почетокот на 2024 беше објавен и нивниот последен албум, “Everything Was As It Had Been a Minute”. Следуваше плоден период, со настапи во поширокиот регион и со учество на повеќе локални музичари, од кои ќе произлезат и неколку нови изданија. Проектот на Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен се реализира со турскиот продуцент Кан Инандим, велат од СЏФ.

Концертот ќе започне во 20:30 часот, а билетите можат да се купат онлајн на „bileti.mkc.mk“ и на билетарата на МКЦ пред самиот настап.