
Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ
Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди.
Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди.
Како што најави НУ Оркестар за џез музика на РСМ, диригент на концертот ќе биде Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. На сцената во Скопје ќе настапат и Расел Феранте, Дејн Алдерсон и Вил Кенеди, во актуелната поставa на групата.
– „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот, повеќе од четири децении ја дефинираат современата џез сцена. Според угледното списание „JazzTimes“, тие се „совршено запалив електро-акустичен состав, чија интелигентна и непредвидлива музика црпи инспирација од fusion, post-bop и современиот џез“. Со 25 издадени албуми, две греми награди и безброј настапи на најголемите светски сцени, „Yellowjackets“ се етаблираа како еден од највлијателните и најпочитувани ансамбли во џез музиката, стои во соопштението.