Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на 48. Денови на македонска музика

Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Атака“.

Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Атака“.

Како што соопшти Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), на програмата се дела од Лука Јанкулоски, Бојана Петровиќ Алексова, Ана Пандевска и Стефан Гајдов.

Гудачки квартет „Атака“ е формиран во 2022 година. Составот го сочинуваат Ева Богоевска и Марија Трајковска (виолини), Илза Бафтиари (виола) и Маја Михајловска (виолончело).

-Музичарки со веќе значајно искуство како солистки и како членки на различни оркестри и камерни состави, со образование стекнато под менторство на реномирани професори во земјата и странство. Формиран пред три години, „Атака“ за краток период се наметна како еден од најактивните млади камерни ансамбли на домашната сцена, соопшти организаторот.

Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, Сојузот на композиторите на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе организира Концерт на млади

СОКОМ  посочува и дека од основањето, квартетот „Атака“ „развива јасна програмска ориентација кон современото македонско творештво“.

-Нивните настапи на фестивалот „Денови на македонска музика“ ги истакнуваат како сигурни интерпретатори на камерните дела на македонски композитори од повеќе генерации – од Драгослав Ортаков и Ристо Аврамовски до Јана Андреевска, Валентина Велковска Трајановска и Филип Иванов. Со ваквата активност квартетот се профилира како значаен промотор и афирматор на националниот современ камерен репертоар, се наведува во соопштенето.

Влезот на концертот е слободен за посетители.