Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров денеска во Скопје одигра нерешено со софиска ЦСКА. На ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје имаше изедначена игра на двата тимови.
Тимот на Македонија Ѓорче Петров играше со играч помалку во второто полувреме од натпреварот, откако кон крајот на првото Матеус Ламос доби два жолти картони.
Реваншот е по една недела во Софија, а поуспешниот тим продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига во кое ќе игра со победникот од пресметката меѓу Сент Патрик од Република Ирска и словенечка Мура.