Конте: Сезоната ќе биде тешка и интересна
Фудбалерите на Наполи ја започнаа одбраната на титулата во италијанското првенство со рутинска победа синоќа од 2-0 на гости против Сасуоло, а тренерот Антонио Конте го пофали духот на својот тим, но призна дека сè уште бара вистинска рамнотежа во средниот ред.

„Сè уште се обидувам да ја најдам вистинската формула за да се осигурам дека тројцата играчи од средниот ред од минатата сезона можат да работат во хармонија со Кевин Де Брујн.
Немавме многу време да работиме на тоа, но гледам некои интересни работи“, изјави Конте за DAZN.
Тренерот на Наполи додаде борбата за титулата во Серија А оваа сезона ќе биде исклучително тешка, истакнувајќи дека неговиот тим сè уште интегрира нови играчи.
„Ќе биде многу тешка и интересна кампања со седум или осум тима кои ќе се борат за Скудетото или Лигата на шампионите. Се обидуваме да ја комплетираме структурата на тимот и тоа ќе бара трпение“, објасни Конте.