
Констатирани мандатите на тројца пратеници кои доаѓаат на местата на градоначалниците на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп
Пратениците Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов доаѓаат на местата на досегашните пратеници Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ кои на локалните избори беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница ги констатира мандатите на тројца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои доаѓаат на местата на досегашните пратеници што беа избрани за градоначалници на локалните избори.
Пратениците Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов доаѓаат на местата на досегашните пратеници Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ кои на локалните избори беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.
Инаку, Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој бил следен на листата за пратеници, но претходно ја известил Државната изборна комисија дека не го прифаќа мандатот.
Мандатот на новите пратеници треба да биде верификуван на првата наредна пленарна седница на Собранието, која, како што информира собранискиот спикер Африм Гаши, се очекува да се одржи на 10 или 11 ноември.