Конзорциум предводен од Маск понуди 97,4 милијарди долари за преземање на OpenAI ChatGPT

Адвокатот на милијардерот, Марк Тобероф, потврди дека ја доставил понудата за „сите средства“ на технолошката компанија до нејзиниот одбор во понеделникот.

Конзорциум инвеститори предводен од Илон Маск понуди 97,4 милијарди долари за да го преземе OpenAI, производителот на ChatGPT, објави Би-би-си.

Адвокатот на милијардерот, Марк Тобероф, потврди дека ја доставил понудата за „сите средства“ на технолошката компанија до нејзиниот одбор во понеделникот.

Понудата е последниот пресврт во долгогодишната битка меѓу Маск, најбогатиот човек на светот и десна рака на американскиот претседател Доналд Трамп, и извршниот директор на Open AI, Сем Алтман, околу иднината на стартапот во центарот на бумот на вештачката интелигенција.

Како одговор на понудата, Алтман на платформата за социјални медиуми Х во сопственост на Маск објави: „не благодарам, но ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“.