Конечно се одважи! Претседателката на ДКСК поднесе оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово преку нејзиниот адвокат до Собранието ја доставила својата оставка.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово преку нејзиниот адвокат до Собранието ја доставила својата оставка.

Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши информира дека Димитровска поднесла оставка од функција. Оттаму посочуваат дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури.

Од собраниските служби потврдуваат дека оставката е примена и дека во моментов се архивира. Димитровска во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

Оставката Димитровска ја поднесе откако минатата недела Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“ и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.