Претставничкиот дом на Конгресот на САД денеска донесе нов закон со кој ќе се овозможи забрана на апликацијата TikTok низ САД.
Овој предлог-закон, според она што го изгласаа пратениците, ќе ја „присили“ ByteDance, компанијата што е сопственик на TikTok, да ја продаде социјалната мрежа или да добие забрана за сите мобилни уреди во САД.
Да бидат работите уште почудни, гласањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес беше сосема еднострано – 352 претставници беа „за“, а само 52 беа „против“.
Посебно е интересно што поддршката стигна од двете партии, и од републиканците и од демократите, кои многу ретко се наоѓаат да гласаат заедно во последните неколку години.
Секако, за ова да стане закон во САД, треба да го одобри и Сенатот, односно горниот дом, каде што може да има проблеми.
Според изјавите на сенаторите, тие овој проблем не го сметаат за претерано „итен“, а овој предлог би можел да остане поддржан само во долниот дом на американскиот Конгрес.