Конашенков: Во Украина синоќа се убиени 120 националисти

„Руската артилерија синоќа погоди уште 389 цели во Украина, вклучително и 15 магацини со ракетно и артилериско оружје и муниција“. Ова го изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана – генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој додаде дека руската авијација во текот на ноќта уништила повеќе од 120 националисти, четири тенкови и шест оклопни возила во Украина.

Според Конашенков, уништени се 18 беспилотни летала, меѓу кои и три летала Бајрактар ТБ-2, како и два ракетни фрлачи Смерч.

Украинската армија објави снимка од бомбардирање на руските позиции во близина на Изјум, источна Украина.