Жељко Комшиќ – актуелен хрватски член на Претседателството на БиХ потврди дека на изборите во октомври повторно ќе се кандидира за нов мандат.
„Сакам, морам да одам понатаму, не можам да застанам сега“ – рече Комшиќ.
Тој најави дека ќе биде кандидат на неговата партија Демократски фронт (ДФ), а засега не знае дали со него ќе има уште една поголема партија.
„Сите тие имаат свои политики и мора да имаат кандидати за најважната функција“ – рече Комшиќ.
Тој досега трипати беше избиран во Претседателството на БиХ како хрватски кандидат. Изборниот закон на БиХ дозволува можност за два последователни мандати во државното раководство и соодветно тој има право повторно да се кандидира.
Општите избори во БиХ се закажани за 2 октомври, а актуелниот изборен закон дефинира дека за Претседателството на БиХ се избираат еден Хрват и еден Бошњак од Федерацијата БиХ и еден Србин од Република Српска.