Комунистите во Русија по повод роденденот на Ленин денеска изразија поддршка за офанзивата на Владимир Путин против Украина, на која гледаат како на борба меѓу Москва и Вашингтон.
„Англосаксонците пристигнаа (во Украина) за да се борат за доминација над планетата. Денес на украинско тло се носи одлука дали светот ќе биде униполарен под нивно водство или мултиполарен. Неопходно е да се брани државата“ рече 77-годишниот Генадиј Зјуганов, првиот секретар на руската Комунистичка партија.
Зјуганов учествуваше на церемонијата на Црвениот плоштад по повод 152-годишнината од раѓањето на Ленин.
На собирот присуствуваа околу 200 луѓе, кои носеа портрети на Ленин и советските знамиња.