Комунална хигиена одговори на Општина Аеродром: Контејнерите во наша надлежност се целосно исчистени

Во врска со неодамнешното Соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса.