Комунална хигиена вчера собрала 350 тони отпад во Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром, соопштија од претпријатието.

Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина“ се вели во соопштението.